Ѓорчев: Рецесија на наталитетот од шокантни 13 отсто во првтиот квартал, Македонија изчезнува и се иселува

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани присутни,

Вчера имавме можност вам, на македонската јавност да ви ги соопштиме податоците за најлошата демографска година во историјата на Македонија, со најмал наталитет откако има статистика и бројки во Македонија. Ви соопштивме податок, дека падот на родените бебиња во минатата 2018-та година, со оваа влада на Зоран Заев, во однос на 2016-та година – последната година од владата на ВМРО-ДПМНЕ е фрапантни 7.3 проценти.

Значи ова е само водед, а бројките кои што ќе ги кажам се уште полоши, уште позагрижувачки и уште поразителни. Значи она што уште еднаш ќе речам пред малку и вчера го кажавме, тоа е дека 2018-та година беше убедливо најлоша демографска година, најлоша година за наталитетот и родените бебиња во историјата на Македонија.

Е сега, после 2018-та година доаѓа 2019-та година и ова е најважниот дел од оваа прес конференција.

Почитувани присутни, во првиот квартал од оваа 2019-та година имаме шокантен и катастрофален невиден до сега пад на родени бебиња во Македонија, од шокантни 13 проценти. Имаме рецесија на наталитетот од 13 проценти во првиот квартал споредено со историски најлошата 2018-та година. Значи внимавајте за која катастрофа, за кое иселување, за кој егзодус од Македонија станува збор поради политиките на Зоран Заев и неговите 28 министери. Значи 2018-та година имаме најлошата демографска година во историјата на Македонија, 70 години наназад, а на таа најлоша демографска година во првиот квартал на 2019-та година имаме пад од фрапантни, невидени, шокантни 13 проценти. Тоа е поразително. Тоа е буквално поразително.

Уште еднаш тоа значи дека Македонија умира и Македонија се иселува. Сите. Од сите националности и региони. Си заминуваат луѓето од Скопје, си заминуваат луѓето од Полог, си заминуваат луѓето од источна Македонија, од Пелагонија, Битолско, Прилепско, Охридско, си заминуваат луѓето од Кумановско и Липковско, си заминуваат сите, а најмногу си заминуваат младите.

Тоа го гледаме како резултат на драстично паднатиот упис во основните и средните училишта, падови невидени до сега.

Јас ќе ви прочитам само неколку бројки. Значи внимавајте во 2018 година минатата година во првиот квартал бројот на родени бебиња бил 5255, значи уште еднаш во првиот квартал во 2018 година бројот на бебиња бил 5255, во првиот квартал на оваа 2019 година бројот на родени бебиња е 4555. Пад од 13,3 проценти.

Значи на оној најлош историски резултат од минатата година имаме дополнителен пад,  дополнителна рецесија на наталитетот од 13 проценти. Ова е резултат и пораз на политиките на Зоран Заев и неговите 28 министри.

Македонија секогаш имало иселување, 200 години наназад, нема дилема околу тоа. Но, ваков егзодус докажан со бројки со статистика, никогаш немало и тоа секој кој што се разбира во бројки може да го потврди.

Ова е историски одговорност на Зоран Заев и Мила Царовска и сите 28 министри во оваа најнеуспешна и најкатастрофална влада во историјата на Македонија. Никогаш полоша влада сме немале.

Ова се трајни штети кои што кој знае како оваа држава ќе ги надомести. Кога губите олку население, кога се губат цели семејства како тоа подоцна ќе се надомести.

За жал имаме ситуација која што главна тема помеѓу граѓаните на Македонија и младите е иселувањето. Онаа потрошена парола за живот во Македонија, буквално преку бројки и статистики се претвори за живот во Германија, за живот во Шведска, за живот во Австрија, за живот во Канада.

Залудни се сите реченици и демагогии на Зоран Заев кога уште еднаш ќе речам и со ова ќе завршам на демографски најлошата 2018 година во историјата на Македонија имаме дополнително пад од 13 проценти. Тоа никогаш не се случило, ужас.

За жал политиките на Зоран Заев и оваа влада и неговите 28 министри резултираат со огромен егзодус и на Македонците и на Албанците и на сите останати.

Си заминуваат луѓето и од Источна Македонија, но исто така и од Полог, Липковско, Тетовско, Струшко, Дебарско, од секаде. Исто онака како што ги излажа Македонците, Зоран Заев ги излажа и Албанците, тоа се гледа преку овие бројки кои пред малку ви ги соопштив затоа паѓа довербата и расте разочарувањето кон СДСМ и Зоран Заев кај албанската популација.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...