ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите и заканите кон медиумите и новинарите од страна на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски

Соопштение до јавноста

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите и заканите кон медиумите и новинарите од страна на Драги Рашковски од позиција Генерален секретар на Владата, кој што од позиција на сила наместо со аргументи се  обидува да заплаши и замолкне медиуми, новинари и членови на опозицијата кои работат во јавен интерес.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите здруженија на новинарите и на медиумските работници да се спротистават на притисоците и да ги осудат нападите од Генералниот секретар на Владата кон медиумите и новинарите кои паднаа во немилост на Рашковски заради следење на јавниот интерес.

ВМРО-ДПМНЕ очекува и ги повикува сите меѓународни медиумски и новинарски институции како и Делегацијата на ОБСЕ и на ЕУ, вклучително и целиот диппломатски кор во државата да ги осудат навредите, нападите и заканите од Генералниот секретар на Владата кон медиумите, новинарите и членовите на опозицијата кои што се под сериозен удар на Рашковски заради нивното следење на јавниот интерес.

Зоран Заев и неговиот генерален секретар се фатени на дело! ВМРО-ДПМНЕ смета дека заканите на Драги Рашковски со тужби и со затворски казни е показател за свесноста на кланот на власт за својот пад и губење на власта. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите новинари и медиумски работници да го следат јавниот интерес, како и сите граѓани да продолжат со објавување на сомнителни криминогени делувања на членовите на кланот на власт.

Недостатокот на борбата со високата корупција, корупциски скандали во кои се вмешани функционери на власта, е меѓу главните пречки за македонското напредување во интеграциите, ја девастира македонската економија преку урнисување на бизнис амбиентот, а како резултат на тоа ги турка граѓаните во се поголема сиромаштија на сметка на богатење на членовите на кланот на власт.

Рашковски мора да си поднесе оставка, а институциите да покренат кривична постапка во врска со меѓународниот скандал што ја тресе Македонија.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...