Трипуновски: Додека земјоделците молат и плачат за вода Заев и ресорниот министер се тотално глуви за нивните барања

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани медиуми,

Денеска се наоѓам во општина Чешиново Облешево , овдека сум за да направам увид на фактичката состојба со проблемот со кој што се соочуваат македонските земјоделци поточно оризопроизводителите.

Од она што може да го видам на лице место и во разговор со земјоделците е дека оризовите полиња се суви односно вода,  доток на вода во оризовите полиња нема . Во моментот водата е најпотребна за раст и развој на оризовите полиња и дека оваа ситуација ќе значи драстично намалување на приносот и една катастрофална ситуација со оризопроизводството.

Ние како партија и јас неколку пати изминатиов период укажував на проблемите сол кои што се соочуваат македонските земјоделци во делот на водоснабдувањето. Потенциравме дека АД Водостопанство е со блокирана сметка , вработените немаат земено повеќе од два месеци плата а од денеска мислам дека  немаат ни здравствено осигурување.

Укажав дека раководството на АД Водостопанство со одобрение на Зоран Заев и ресорниот министер зима енормно високи плати на сметка на македонскиот земјоделец.  Додека земјоделците молат и плачат за вода власта Зоран Заев и  ресорниот министер се тотално глуви за нивните барања.

Уживаат во нивните климатизирани канцеларии во скапите луксузни возила , прават скапи коктели уживаат се дружат додека македонскиот земјоделец моли и плаче за помош. Оваа ситуација е повеќе од алармантна . Повикуваме веднаш и сега да се излезе на терен состојбата со водоснабдувањето е алармантна , земјоделските култури не трпат ниту еден ден без вода а камоли неколку дена . Ова што се случува сега на терен е повеќе од очајна ситуација.

Исто така од овој крај сакам да потенцирам дека Зоран Заев , Љупчо Николовски како тогашен министер и целата влада на земјоделците од Кочанскиот  регион во предизборието им вети дополнителни 5 денари по килограм предадена оризова арпа денеска сме втори Јули од тие пари нема ниту траг ниту глас.

Повеќе од очигледно е дека македонските земјоделци се на дното на ранг листата на Зоран Заев. Ветуваа живот , ветуваа субвенции повисоки, ветуваа загарантиран откуп и повисоки откупни цени од тоа денеска нема ништо. Да не ја заборавиме и зелената нафта , се фалеа  дека во првите 100 дена од нивното владеење ќе ја донесат зелената нафта , поминаа повеќе од 700 дена владеење , од зелената нафта нема ни трага ни глас.

Од ова место ги повикувам новиот министер , Зоран Заев и целата влада како што се сликаа во предизборието во 2016 да се појават овде помеѓу земјоделците , овде каде што се вади лебот на македонскиот граѓанин.

На овие земјоделци треба да им се помогне , оставени се сами на себе , ова е повеќе од алармантно со оглед дека се неспособни, некадарни и незаинтересирани за македонското земјоделство време е да си  поднесат оставки. Време е институциите и Владата да остават на луѓе коишто сакаат , знаат и можат да се грижат за македонскиот земјоделец. Ако ова продолжи ситуацијата ќе биде повеќе од  катастрофална.

 

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...