Одговор на новинарско прашање на Иванка Василевска – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Иванка Василевска – Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање новинар: Господинот Драги Рашковски денеска на Фејсбук напиша дека утре ќе има прес конференција во 12 часот и ве повика и вас да присуствувате бидејќи нели имало обвинувања од сите страни и од ваша страна и ве повика да  присуствувате. Дали би отишле на прес конференцијата?

  Одговор:  Јас на вашето прашање ќе одговорам со контра прашање.  Дали господинот Драги Рашковски е над законодавната, извршната и судската власт? Драги Рашковски не може од позиција на генерален секретар на владата да повикува никого. Тој треба да биде повикан и овие сомнежи кои ние ги објавивме сакаме да бидат процесуирани институционално затоа што тој треба да биде повикан во Јавното Обвинителство и тука да ги даде своите одговори. Ќе ви кажам уште нешто. Република Македонија е сериозна држава, ова не е банкет држава ниту гранап држава ние да си се повикуваме едни со други, ова не е лична пресметка. Станува збор за криминал кој што треба да оди на штета на даночните обврзници, т.е. на граѓаните на Република Македонија, така што мислам дека колегата Рашковски има каде соодветно да си ги брани своите позиции и да ја докажува својата невиност.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...