Јавното Обвинителство да побара притвор за Драги Рашковски, за да може непречено да го истражи случајот за 7 милионскиот криминал

Интегрален текст од изјава за медиуми на Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Јавното обвинителство под контрола на Зоран  Заев  трет ден молчи во врска со сомнежите и доказите излезени во јавноста за 7 милионскиот  криминал сторен од страна на Драги Рашковски при набавка на систем за летање.

Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија Леонардо за набавка на систем за управување со  воздушниот простор  во вредност од 7 милиони евра,  иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели во снимките требало да бидат сменети.

Постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му  се заканува казна затвор од најмалку 5 години.

Јавното обвинителство треба да се ослободи од притисокот на Зоран Заев и да поведе постапка за расчистување на овој случај во кој постојат сериозни индиции дека е оштетен Буџетот на Република Македонија.

Со цел непречено одвивање на истрагата потребно е Јавното обвинителство веднаш и неодложно да побара определување на мерка притвор за Драги Рашковски и другите вмешани со цел непречено одвивање на истрагата.

Јавното обвинителство треба да побара притвор затоа што постојат сериозни можности Рашковски   од позицијата на Генерален секретар на Владата да влијае врз текот на постапката, сведоците, вештаците, соучесниците и прикривачите.

Имајќи во предвид  дека се работи за државен функционер од висок ранг , кој има сериозен број на контакти во земјава и странство  можно е и бегство на истиот.

Дополнително Јавното обвинителство треба да побара мерка притвор затоа што постојат оправдани сомнежи дека Рашковски може да го продолжи кривичното дело и да стори ново дело, особено ако се земат во предвид обвинувањата на поранешниот директор на Клинички центар Скопје, Ваљон Беља кој тврди дека Рашковски бил вмешан и во местење тендери и земање провизии и од тендери во министерството за здравство.

Почитувани,

Очигледно е дека случајот  Рашковски добива нови и досега невидени размери. Токму затоа Јавното обвинителство треба веднаш да се позанимава со овој функционер, десна рака на Заев и да ги истражи како овие, така и други случаи во кои е вмешан Рашковски. ВМРО-ДПМНЕ   му ги поднесе денес материјал на Републичкиот Јавен обвинител, и доколку тој не ги има видено од медиумите, може да биде запознаен со случајот  денес.

Доколку Јавното обвинителство сепак подлегне под притисокот на Заев и не отвори случаи, истите ќе бидат процесуирани по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, кога ќе има одговорност како за сторителите, така и за прикривачите низ институциите.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...