Мицкоски: Владата е деструктивна за СЈО, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон

Што се однесува до Законот за Јавното обвинителство би можел да кажам дека сите тие обвинувања се незрели од луѓе кои што видовме каде ја доведоа Македонија и во каква насока се движи Македонија во овој момент, ова денеска во интервју за телевизија Канал 5 го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Тие луѓе кои што ја обвинуваат опозицијата практично сакаат да го искористат законот ваков каков што е се со една цел, а тоа е да ја нападнат ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ги гледате анкетите на следните избори ќе доживеат дебакл и народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги порази и единствен начин како да се спасат е да донесат на сила еден ваков закон и да го искористат за политичка пресметка со опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ формираше внатрепартиски тимови и тие ќе работат во рамките на правната комисија со цел креирање на еден закон кој ќе го опфати компаративното применливо европско право и препораките на европскиот суд за човекови права, вели Мицкоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ е загрижено што во оваа држава нема реформи, во оваа држава треба да се врати владеењето на правото и да се вратат демократските процеси.

-Да се стави крај на злоупотребата и на обвинителството и на судството. ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време ќе испорача еден таков производ, нов Закон за јавното обвинителство и јавноста ќе може да го спореди со овој кој го предлага јавноста, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...