Апсењето на Димитар Димовски и Дејан Митевски е акт на страв на СДСМ во очи на се помалата поддршка која ја имаат кај граѓаните

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Божиновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и картелот околу него тонат во криминал, а народот кој едвај преживува веќе не сака да ги види.

Колку повеќе Заев го губи тлото под нозете, толку повеќе расне притисокот врз институциите и нивната злоупотреба од страна на власта за политички притисок со кој што би сакале да ја замолкнат опозицијата.

Господа од власта, прочитани сте. Теророт, политичкиот прогон и изживувањето нема да Ви бидат заборавени. Секоја злоупотреба ќе биде преиспитана. И таа на нарачателите и таа сценаристите и таа на извршителите.

Апсењето и притворањето на Димитар Димовски и Дејан Митевски е акт на страв на СДСМ во очи на се помалата поддршка која ја имаат кај граѓаните.

Јавното обвинителство на Зоран Заев и судството вчера не постапија по основа на закон, туку политички и по наредба.

На аболицираниот Заев му требаше театар за да го сврти вниманието од корупцијата и неработењето на кои посочија и негови соработници кои решија да се повлечат од криминалното владеење и колку  толку да го сочуваат својот образот.

Почитувани,

Доколку имаше каков било криминал за кој требало да одговараат, Димовски, Митевски и другите кои вчера во раните утрински часови по политичка нарачка беа собрани од своите домови, криминалната власт на Заев немаше да чека да поминат дури 3 години за да покрене случај.

Доколку имаше какви било административни пропусти ќе имаше поднесоци до Управниот суд и ќе следуваше соодветна одлука.

Вистината е дека ниту е направен криминал, ниту некој прибавил противправна имотна корист.

Вистината е дека не постои никаква основа за кривичен прогон, а уште помалку за одредување на притвор. Ниту постои опасност од повторување на делото, ниту постои опасност од бегство, ниту пак постои можност за влијание врз сведоци.

Зарем има подобар доказ од фактот што Димовски сам ја вратил сопствената времена патна исправа, а Јанакиески веќе се наоѓаше во куќен притвор?

Почитувани,

Јасно е како бел ден дека притворот беше политички определен за да се задоволи барањето на политичкото обвинителство кое секојдневно покажува дека е тука за да замижува и да ги заштитува криминалите на Заев, задоволувајќи ги притоа неговите нарачки.

Затоа ВМРО ДПМНЕ апелира, Апелацискиот суд најсериозно да ги разгледа аргументираните жалби на политичката одлука, да се охрабри, да се ослободи од политичките притисоци и да донесе одлука согласно законот со која што ќе ја отфрли одлуката на првостепениот суд и ќе ја укине мерката притвор или ќе донесе некоја поблага мерка.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...