Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен од страна на УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници

Интегрален текст од изјава за медиуми на Лидија Петкоска, советник во Советот на Општина Охрид

Почитувани,

Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро.

Без дозвола се гради бетонска база на самиот брег на езерото. Ваквото бесправно градење и непочитување на законите од страна на локалните моќници е возможно само во вистински режим, како овој на Зоран Заев и криминалната влада која ја предводи.

Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен од страна на УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници. Локалната власт која е во директна спрега со Усеини е на пат да го сруши угледот на Охрид во светот.

Бетонската  база е опасност како за статусот на Охрид како град под заштита на УНЕСКО, така и по Охридското Езеро, кое е природно богатство на Република Македонија.

Ја повикуваме централната власт веднаш да превземе мерки за запирање на ова дивеење среде Охрид, и доколку во најкус можен рок ништо не се превземе, штетите ќе бидат преголеми и ненадоместливи.

Законот е јасен и дециден. Дивеењето на урбаната мафија мора да запре. Мора да бидат превземени мерки согласно закон. Секој оној кој сега спротивно на закон го овозможува хаосот и градењето без дозвола ќе биде санкциониран кога ќе се врати владеењето на правото во Република Македонија.

 

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...