Николоски: Власта отвори 751 случај против членови на ВМРО-ДПМНЕ затоа што вчера и завчера имаа дебакал со изборот на Владата

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Како што Заев најави пред неколку месеци, власта има отворено  750 случаи против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Значи замислите Заев, премиерот на државата кој што не треба да се меша во судството и во обвинителството. Точно знае колку случаи се отворени против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Утрово го отворија 751, затоа вчера и завчера имаа дебакл со изборот на Влада, затоа што вчера и завчера Заев не знаеше дека не може биде и Премиер и министер за финансии, па не знаеше како да излезе од целата таа ситуација во којашто сака директно да ја контролира државната каса за да може акцијата „евро за евро“ да продолжи да функционира во оваа држава.

751 истрага  против  членови на ВМРО-ДПМНЕ е отворена затоа што власта е во тешки скандали и во овој момент Заев со поти на пратенички прашања, затоа што нема одговор како негови советници кои што се наводно советници  за односи со Франција земаат плата на сметки во Србија. Како што и нема одговори на многу слични афери.

Ова е брутален политички напад. Со акцијата помеѓу другите лишени се од слобода  членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, претседателот на еден од најголемите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Аеродром, Дејан Митевски како и други лица. Во оваа акција власта влегува со директна пресметка со членови на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи и обични  службеници.

Во акцијата покрај поранешниот министер се приведени и 6 жени кои што работат во различни институции во Република Македонија како обични службенички. Приведени се 6 недолжни граѓани на оваа држава жени, обични службенички  кои што си ја работат својата работа  во катастарот, министерството, кај нотари и во правобранителството.

Знаеме дека власат сака да се одмаздува. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на прогони и на притисоци. Но ги повикуваме, еве нека ги гонат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, нека не ги гонат  недолжните службенички кои што ништо друго не прават освен што си ја вршат својата работа.

Внимавајте ова е случај во кој што нема како што утрово беше  најавувано криминал, корупција, ниту кај било кој  од оние кои што се утрово приведени се најдени нелегално стекнати средства или против правна-имотна корист. Се работи за толкување на управна постапка која што може да се толкува на еден или на друг начин. Истата од страна на службениците во разните институции може да е изведено правилно или неправилно.

Такви ситуации во јавната администрација има секој ден десетици, за истите има начин како се проверуваат. Доколку се правилни тоа е тоа, доколку има грешка има соодветна управна постапка во која казната може да е намалување на плата на соодветниот службеник или суспензија од работа. Но, никако понижување со информирање  медиуми, со изведување пред истражни судии и определување притвори.

На кого ќе определуваат притвор на шест недолжни жени кои што ќе направат, ќе бегаат од државата, каде ќе одат, или ќе определат притвор на оние кои веќе се во притвор, или ќе определат притвор на претседателот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром со цел да не може да го води ОК во Аеродром зошто на претходните претседателски избори ги прегази таму и ВМРО-ДПМНЕ победи со 3.500 илјади гласови разлика истата онаа општина која СДСМ на локалните избори ја сметаше за своја голема победа заради скандалите кои ги вадеше Дејан Митевски во јавност, заради истите скандали заради кои тој збореше за Златко Марин ВМРО-ДПМНЕ победи со 3.500 гласови разлика.

На Златко Марин влакно не му фали на косата, ама Дејан Митевски утрово е приведен зошто бил обичен службеник во министерството за транспорт и врски, внимавајте обичен службеник не бил на никаква раководна позиција, но само зошто е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром е приведен утрово.

Или Димитар Димовски кој од истата оваа сала, од истата говорница пред вас изминатата недела држеше прес конференции поради неработењето на Заев и разузданиот градоначалник, неговиот пулен Курто Дудуш и неправилностите и скандалите во МВР. Затоа ли е приведен Димитар Димовски, затоа ли, за да не може  од овде  да држи прес конференции за скандалите на власта кои секојдневно ги прави?

Во исто време гледаме како градоначалник насилник се шета на слобода само затоа што е пулен на власта, гледаме скандали во министерството за здравство кои одат од ден за кои нема никаква одговорност, гледаме криминал и корупција на секој чекор, гледаме афери кои излегуваат во јавноста, а замислете обвинителство не ги ни истражува.

Имаме ситуација кога самото обвинителство пред скоро година дена кажа дека било прислушувано, година дена помина никој збор нема кажано што се случува со таа работа. Имаме ситуација кога пред две недели наводно се апсеа дилери на дрога никој не слушнавме што се случи со нив ни дали се во притвор и дали не се во притвор и кои се тие луѓе. Имаме ситуација кога се прават спектакуларни акции за нелегален тутун во државата, ама никој не е уапсен.

Но, затоа утрово 6 обични службенички и двајца високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ се уапсени на спектакуларен начин заради  различно толкување на административните  постапки кои што оставам соодветните органи да ги толкуваат вака или онака.

Очигледно целта на Заев и на власта е да се угуши секоја критика. Но, тоа нема да им успее. Нема да не исплашат, поколебаат или да не стават во дефанзива. Ниту ќе успеат да ја дефокусираат јавноста, позната е пи-ар алатката во која што се оди со ваков дефокус., но тоа е 751-ви пат според зборовите на Заев. Да е прв или втор пат поминува, 751-ви не поминува.

Ние ќе продолжиме уште пожестоко и организирано да се бориме за правдата, да укажуваме на неправилностите на власта, да укажуваме на проблемите кои што ги прави како и на можните злоупотреби.

Власта е нервозна затоа што го знае расположението на граѓаните, ги знаат бројките, ги знаат анкетите и знаат дека ќе загубат.

Во исто време апелираме до обвинителството и до судството да се оттргнат од рацете на власта и од политичките влијанија и да одлучуваат по словото на законот и уставот. Тоа е нивна обврска, тоа е нивна заклетва и тоа е нивната одговорност. Сакаме да веруваме дека ќе ги испочитуваат истите и дека ќе се стават крај на овие спектакли.

А на полицијата да и кажеме дека ваквите спектакли еден ден ќе имаат одговорност, затоа што за година или две на овие луѓе ќе им се каже дека нема никакво дело, ама ќе им се уништат година или две од животот. Тоа е неправилно и тоа не смее да се дозволи.

 

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...