Арсовски: Локалната власт во Охрид се прави слепа и не постапува по основ за дивоградбата којашто никна на самото крајбрежје

Интегрален текст од изјава за медиуми на Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани

Криминалниот картел на чело со аболицираниот премиер Зоран Заев продолжува со самоволието и беззаконието, на штета на македонската јавност и на македонските граѓани.

По кој знае кој пат се потврдува дека во Македонија правната држава е укината од страна на Зоран Заев и неговите локални шерифи.

Тесно партиските и бизнис интересите се испреплетени на големо во Охрид. Тука во градот чиј статус како град заштитен од УНЕСКО е загрозен владее молк на локалната, но и на централната власт за нелегалната градба која никна на самото крајбрежје на Охридското Езеро.

Како што можете да видите се работи за бетонска база која без дозвола од општината ја гради добро познатиот на македонската јавност, советник Нефи Усеини. Овој човек важи за многу близок до градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски како и целото раководство на СДСМ во Охрид.

Иако цел Охрид и охриѓани гледаат што се случува со свои очи, локалната власт се прави слепа, и не постапува по основ на оваа нова дивоградба којашто никна на самото крајбрежје.

Не смееме да заборавиме дека ова не е изолиран случај и дека во општина Охрид, во централното градско подрачје, покрај чинарот е поврзан истиот советник со изградбата на нелегалната тераса. Институциите повторно молчат и за ова.

Причината е едноставна. Предизборните пазари со кои СДСМ ги прави само да остане на власт уште еднаш се на штета на граѓаните. Нефи Усеини и градоначалникот на СДСМ, Константин Георгиевски имаат направено политички пазар, од кој дел е изградбата на нелегална бетонска база, на брегот на Охридското Езеро, база која ќе го забетонира уништувањето на градот.

Поради ваквото несовесно работење на Константин Георгиевски, поради џунглата од дивоградби за кои молчи локалната власт, градот е под закана да биде отстранет од листата на УНЕСКО. УНЕСКО не прогледува низ прсти за сите нелегални хотели, минариња, тераси и бази како што тоа го прави Зоран Заев со чиј дозвола очигледно ова  се прави.

Локалната и централната власт мора да се охрабри, и покрај притисоците кој ги врши Зоран Заев да превземе мерки соогласно законот, еднаш засекогаш да го санкционира башибозлукот на урбаната мафија во Охрид.

Доколку сега  луѓе се заштитени од Заев, по падот на криминалниот картел од власт ќе одговараат и оние кои правеле и оние кои аминувале криминал,  бидејќи ваквите дела никогаш не застаруваат.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...