Мицевски: На денешната собраниска седница требаше да слушнеме зошто се сменети министрите, а ние слушнавме како „блеска“ оваа Влада

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Макдонија„ Никола Мицевски на денешната собраниска расправа рече дека седницата за денес каснела за да има помал интерес од страна на медимуите и за да нема можност јавноста да ја види оваа власт во „блескање“.

-Точката за разрешување на министри која во своето експозе премиерот ја образложи јас го гледам како платена политичка програма затоашто очекувавме да слушнеме зошто се сменети министрите, а ние слушнавме како блеска оваа Влада. Парадоксот да биде најголем во годината на економијата прогласена од оваа Влада ние го менуваме министерот за финасии, Тевдовски. Очекувавме да слушнеме како блеска економијата, а не и зошто е денес сменет Тевдовски. Очекувавме да слушнеме зошто во ситуација кога оваа влада кажува дека културата ни е на највисоко ниво, ние го менуваме министерот за култура којшто патем речено една надзорна работа која беше побарана од страна на пратениците од опозицијата иако почна и имаше и еден продлчеток не дозволивте да продолжи согласно динамиката за програмата којашто беше донесена од страна на министерството за култура, истакна координарот Мицевски.

Именот Мицевски кажа дека во моменти кога нема загадување во Македонија Владата го менува министерот за животна средина и просторно планирање.

-Очекувавме да слушнеме која е причината за промена на овој министер. Во моменти кога земјоделието во Република македонија ја доживува својата ренесанса, вие го менуваме најспособниот министер, а земјоделците се жалат дека земјоделието е на колена. Очигледно сеуште земјоделците во Македонија не ја сватиле вашата прогарама и ќе мора дополнителнои да им објаснувате дека земјоделието во Македонија, потенцираше Мицевски.

Мицевски посочи дека антикорупционерите порачаа дека Заев не може да биде премиер и министер за финансии пришто упати влада да го погледне членот 13 од законот за влада кадешто дека министерот самостојно раководи за министертвото за коешто е избран и е одоговорен за споведување на законите.

-Ние апелираме и предупредуваме до трезор и министерство за финасии дека министерството има актуелен заменик министер и секој потпишан документ надвор од овластениот потписник, а тоа е заменик министер за финансии да размислат вработените во тие институции затоа што еден ден ќе бидат повикани на одговорност.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...