Лашкоска до Заев: Аман доста е од вашите „храбри“ чекори, страдаат граѓаните и државата

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Ане Лашкоска денеска од собраниската седница му порача на Зоран Заев дека на граѓаните им е доста од неговите „храбри“ чекори.

-Господине Заев аман немојте повеќе со „храбри“ чекори. Доста и е на Македонија и на граѓаните од вашите „храбри“ чекори. Аман доста е, порача Лашкоска. Таа побара од него да и одговори во кој закон и по кој член тој може да биде претседател на државата и министер за финансии во исто време, читај му дека по ниту еден член од уставот и од законот за влада не пишува дека тој може да извршува две функции. Велите дека Уставот дозволува да бидете и премиер и министер за финансии,а така дозволува и законот за влада. Сега јас ќе ви прочитам дел од законот и ве молам во контра реплика да ми одговорите во кој дел од членот вие гледате дека може да бидете и премиер и министер. Во член 11 во права и должности се вели: претседателот на владата раководи со работата на владата, одговорен е за нејзината работа и остварува соработка со други органи и јавни претпријатија и установи. Став 2 вели претседателот на владата го насочува дејствувањето на влада во целина и на нејзините членови во согласност со програмските определби и насоки што таа ги утврдува. Став 3 вели: претседателот на Владата ги потпишува прописите и актите што ги донесува владата и се грижи за нивно спроведување. Став 4 вели претседателот на владата формира канцеларија која ќе им помага во вршењето на неговите права и должности кои произлегуваат од уставот, законот и деловникот. Последниот став 5 вели дека претседателот остварува соработка и со трговски друштва и здруженија на граѓани и други правни лица, вели Лашкоска.

Пратеничката Лашкоска додаде дека откако СДСМ и Заев се на власт во континуитет се кршат законите во Република Македонија од страна на функционерите на СДСМ.

-Откако сте на власт од првиот ден она што е својствено за оваа влада е непочитувањето на законите во државата, буквално на сите ниво и на министри и на директори и на градоначалници, кажа Лашкоска.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...