СДСМ денеска уште еднаш го покажа својот недемократски капацитет и насилието со надгласување

СДСМ денеска уште еднаш го покажа својот недемократски капацитет и насилието со надгласување како начин на владеење и начин на криење на вистинските состојби во општеството.

СДСМ и покрај огромните проблеми во образованието за кои што се говори и во оставката на заменик-министерот Петар Атанасов, нејзините пратеници во собраниската Комисија за образование гласаа против предлогот за надзорна расправа посветена на состојбите во основното средното и во високото образование побарана од ВМРО-ДПМНЕ.

Организирањето на почести надзорни расправи е една од демократрските алатки и која произлегува и од процесот Жан Моне, процес кој што токму деновиве продолжува во Собранието под покровителство на Европскиот парламент.

Ова е јасен показател дека СДСМ продолжува со своето насилие во секој сектор на делување, како и со недемократски принципи на владеење. Заменик- министер за образование пооднесува оставка заради немање комуникација со министерот Арбр Адеми и заради лошите реформи во обазованието, а пратениците на СДСМ не дозволуваат за тоа да се дискутира и да се организира надзорна расправа.

Прашањето кое се наметнува е колкава е штетата нанесена во образованието кое што СДСМ се обидува да го затскрие со со бегање од отворена јавна дебата, со бегање од надзорна расправа, но и колкава штета треба да трпи образованието а со тоа и цели генерации граѓани заради политичкиот пазар на Зоран Заев?

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре