Повратот на ДДВ е потврда дека за СДСМ наместо зборот важи, зборот лажи

Повратот на ДДВ е потврда дека за СДСМ наместо зборот важи, зборот лажи.

Додека Заеви се поблиску до ограбување на граѓаните, власта манипулира со смешни мерки од кои единствено корист ќе имаат најбогатите.

Со мерката Мој ДДВ која толку многу ја форсираат, сиромашните и просечните граѓани најмногу што може да добијат 156 денари во месецот, односно 1872 денари годишно, што е многу далеку од тие  30.000 кои Заев ги ветуваше.  Ако граѓаните се надеваат на овие пари за да вратат кредит, платат извршител, отидат на годишен одмор или да реновираат соба  потребни ќе им бидат најмалку 16 години.

Доколку СДСМ навистина сака да им помогне на граѓаните треба да го врати рамниот данок, да ја укине акцизата на нафтата која ја покачи, да стимулира намалување на цените на мало  и конечно да почне да ги реализира капиталните инвестиции кои имаа најниско ниво на реализација во историјата на Македонија.

Но очигледно власта е фокусирана како само да се зголемат бизнисите на кланот Заеви и останатите функционери од власта кои цело време си  зголемуваат имот, местат тендери, и сами на себе си доделуваат грантови.

Македонија и граѓаните со оваа власт само уназадуваат и осиромашуваат. Тоа може единствено да се промени кога СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев конечно ќе си заминат.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...