Обвинителството да го расчисти случајот со Курто Дудуш, забошотуван од страна на Заев и Спасовски

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Градоначалникот пулен на Заев кој тепа, навредува и омаловажува граѓанин во својот кабинет, го штити Заев кој што молчи за целиот скандал, но и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој за целиот случај наместо пријава го завериле како поплака.

Пет дена поминаа, а во Јавното обвинителство никако да стигне гласот за аудио снимката во која постојат наводи дека градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш во својот градоначалнички кабинет бесправно лишил од слобода, измачувал, тепал и навредувал граѓанин.

Патем во Јавното обвинителство два дена се уште не виделе дека полицијата предводена од Оливер Спасовски го забошотува случајот, односно поднесената пријава само ден подоцна, кој знае под какви притисоци, била преквалификувана во обична поплака по која МВР нема обврска да делува.

Уште колку долго Обвинителството при уши ќе се прави глуво и при очи слепо? Толку ли е голем притисокот на власта овој случај да се забошоти па мораат во обвинителство вака да се однесуваат? Тоа што Заев го заштитува, одобрува и поттикнува беззаконието веќе е јасно. Но пред некој дена јасно е дека структурите на МВР го штителе ова насилство, ама сега гледаме дека и обвинителството молчи и се прави недоветно и со тоа се претвора во соучесник на оваа политичко-институционална насилничка банда која што измачува граѓани.

На обвинителството треба да им биде јасно дека Курто Дудуш, СДСМ, Оливер Спасовски и Зоран Заев прават се овој скандалозен случај да не добие разрешница и доколку се утврди вина и соодветно да се санкционира.

Докази постојат и само слеп политички послушник не може да ги види и да ги процесуира.

Тоа што нема ова заробено Рускоска обвинителство да го процесуира, ќе го процесуира обвинителство кое ќе биде ослободено од стегите на Заев и власта во заминување. Граѓаните гледаат дека овој криминално насилнички картел е во распад и следи период кога што ќе има одговорност за сите од власта на Заев кои го тероризираа, пљачкаа и осиромашуваа овој народ, но и за сите оние кои тоа го штитеа.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...