На поводок нова матна зделка, Град Скопје распиша тендер од над половина милион евра за одржување на фонтаните кои ги нема пуштено

Интегрален текст од изјава за медиуми на Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Петре Шилегов граѓаните го прогласија за градоначалник кој досега најмалку сработел, а како тргнало ќе го прогласат и за градоначалник кој најмногу украл.

По плаќањето на адвокати со астрономски суми од касата на ЈП Водовод и канализација, градот одвои над половина милион евра за одржување на фонтаните кои подолг период не ги има пуштено.

Имено неколку фонтани во центарот на Скопје оваа сезона останаа не пуштени, а градот  распиша тендер за одржување на фонтаните од над половина милион евра.

Петре Шилегов преку ЈП Водовод и канализација на  сметка на фирмата Хидротек ДООЕЛ Скопје ќе префрли 580.000 евра за одржување и набавка на резервни делови, кои властите тврдеа дека се украдени.

Власта тврдеше дека од фонтаните се украдени делови од 60.000 евра,  но сега сумата која се наплаќа за одржување и резервни делови е десеткратно поголема. Колкава е вистинската штета која е причинета и дали штетата е само изговор да се реализира милионски бизнис?

Почитувани,

Шилегов мора да одговори колку го чини градот украдената опрема од фонтаните и кој ќе ја плати? Дополнително дали зад кражбата стоеше бизнис интерес за склучување на над половина милионски договор за одржување на фонтаните?

Дали зад одржувањето на фонтаните се крие уште една матна зделка? Дали буџетот на скопјани наместо за креирање на нови добра се користи за полнење на  сметки на фирми и поединци блиски до СДСМ?

Расипништвото мора да запре. Граѓаните мора да знаат каде заминува секој денар. Скопјани заслужуваат со нивните пари да се одржува и создава подобро хортикултурно уредување.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...