Аболицираниот Заев и неговата криминална влада треба веднаш да си заминат од власт

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија благодарение на оваа криминална влада.

Секогаш кога СДСМ ќе се соочи со фактот дека граѓаните живеат во беспарица и осиромашуваат се вадат на укинувањето на радиодифузната такса.

Мерката поврат на 15 отсто ДДВ  којшто го најавуваше СДСМ  е уште само една од нивните лаги со коишто се служат секојдневно. Граѓаните нема да добијат по 30 000 денари поврат на ДДВ на крај на годината.

Лицемерно е СДСМ да се фали дека работи во доменот на социјална заштита. Ако навистина тие се грижиеа за оваа категорија на граѓани пратеничката група на СДСМ немаше да ги одбие амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ кои предвидуваа да им се помогне на најзагрозените семејства во Македонија.

СДСМ и Николовски единствено нешто што направија за земјоделците е тоа дека ги понижија и излажаа земјоделците.  Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци.

На Македонија потребни и се промени. Промените  ќе се случат кога аболицираниот Заев и неговата криминална влада ќе си заминат од власт.

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...