Лашкоска:Aболираниот криминалец Заев како министер за финансии ќе управува со над 10 финансиски институции, царина, финансиска полиција…

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Ане Лашкоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Вчера бевме сведоци на етаблирањето на апсолутизам во Македонија од страна на Заев. Уште еднаш се потврди дека со Заев наместо реформи и напредок на земјата се случува континуирано пропаѓање на преспективите и вредностите.

Тој вчера се устоличи во султан, и на премиерската позиција си ја придодаде и функцијата министер за финансии. Замислете Зоран Заев, аболицираниот за финансиски криминал , човекот кој го видовме како нелегално бара едно евро за Вицето, едно за црквата, стана министер за финансии, односно ќе стане од среда министер за финансии, кој непосредно ќе располага со парите на граѓаните.

Од оваа среда семејството Заеви, Зоран Заев и веројатно Вице заев ќе имаат управа над 10 клучни институции. Управувањето со ова министерство директно од страна на Заев, значи дека со него тој лично воспоставува контрола и врз институции како Царина, УЈП, Финансиска полиција, Управа за финансиско разознавање, Секторот за трезорско работење, Игрите на среќа, Централниот регистар, Управата за имотно правни работи, стоковите резерви, управување со јавен долг, системот за банки и штедилници, системот за девизно работење, системот за ревизија,  и неколку помали други институции. Ова значи дека безмалку целиот финансиски сектор во државата е чекор поблиску за контролирање од страна на кланот Заеви.

Епа среќна нова 49та. Заеви управуваат со милијардите на граѓаните.

Со право јавноста се прашува дали сите овие институции ќе овозможат непречено да функционира принципот евро за Вицето – евро за црквата кој го патентираа во Струмица додека Заев беше градоначалник.

Зоран Заев е човекот кој ќе одлучува за тоа колку државата ќе се задолжува и за што. За милионски задолжувања ќе одлучува човекот кој бараше мито од 200.000 евра.

Да биде симболиката уште поголема тој ова го направи, наместо во Собранието на Република Македонија, во Валандово истото место кај што пред 9 години најави дека живи луѓе ќе јаде ако дојде и на власт и ќе се опкружи со партиски послушници се од чистачка па до министер.

За жал следат уште поцрни денови, бидејќи се што фати Заев  упропасти. Беше прв човек на Телото за реформи во судството, а од тоа видовме само како си обезбеди нова амнестија за очигледен криминал. Заев си зададе клучна улога во дипломатијата, а донесе штетни договори за Македонија која патем сеуште чека датум за почеток на преговори со ЕУ.

Се постави како надлежен над тајните служби, а сега станува и министер за финансии.

Замислете после судството, дипломатијата, тајните служби сега и народните пари се директно во рацете на аболициран премиер во Република Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...