Заев го нема да осуди и побара оставка за скандалозната аудио снимка на која има индиции дека Курто Дудуш, малтретира и тепа граѓанин

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Имаме работа со аздисана власт која се гуши во криминал, неправда и насилство.

Станавме држава каде градоначалникот пулен на премиерот Заев, според објавените аудио снимки, тепа граѓанин, го навредува и го омаловажува.

И ова не е изолиран случај, ова е последица на криминално насилничкиот систем на власта. Живееме во време на сериозна тортура.

Два дена поминаа, а премиерот Зоран Заев се уште го нема да се појави со осуда и барање на оставка за скандалозната аудио снимка која се појави во медиумите, а на која има сериозни индиции дека градоначалникот на СДСМ во Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, бесправно лишува од слобода, малтретира, тепа и навредува граѓанин.

Молкот на премиерот потврдува дека токму Зоран Заев е поткрепата и силата на насилството и беззаконието кое што функционерите на СДСМ го манифестираат врз граѓаните.

Градоначалникот пулен на Заев поради заштитата која што ја ужива од Зоран Заев се однесува шерифски и не почитува ниту закони, ниту право, а далеку е од  морални и етички вредности.

Да потсетиме дека и досега овој човек, кој што Заев лично го промовираше и устоличи на позицијата градоначалник на Општина Шуто Оризари беше дел од низа скандали и насилства.

Се почна со претепувањето на противкандидатот на локалните избори, за кое и лично пратеникот Амди Бајрам тврдеше дека го направиле луѓе на Курто Дудуш.

Курто Дудуш лично физички го нападна и активистот на Европската ромска дијаспора АСВА, господинот Демир Исмаил.

Заев не го осуди ниту тоа, а ниту институциите реагираа.

Дополнително Курто Дудуш ги навредуваше ромските активисти од невладините организации и во случајот со нередите кои се случија на почетокот на оваа година, затоа што од него побараа да гради улици и канализација, наместо општинските пари да ги троши за забави себепромоција.

И во овој случај немаше осуда.

Дека Општина Шуто Оризари и власта Истиот тој Дудуш ја гледа како своја лична своина говори и фактот што вработил 10 свои блиски роднини, во бранот на непотистички вработувања кој што го направија функционерите на СДСМ, за што пренесоа сите медиуми.

Ниту за ова не слушнавме осуда од Заев или реакција од институциите.

Исто така Курто Дудуш беше дел од скандалот каде Општина Шуто Оризари доделила на крајно сомнителен начин три тендери во вредност од околу 230 илјади евра на новоформирана фирма која што не ги исполнила обврските, а за кои средства биле исплатени.

Јавноста се уште не слушнала дали е разрешен овој скандал

На крајот, но не помалку важен е скандалот во кој повторно главен лик е самиот Курто Дудуш а во кој јавноста виде дека тој зборуваше дека членската книшка на СДСМ ќе биде новата лична карта со која граѓаните ќе се спасуваат доколку возат нерегистрирано возило, со која ќе може да одат на лекар, со која ќе се вработуваат во министерствата, со која ќе се спасуваат доколку ги гони полицијата и слично.

За сите овие случаи, но и за десетици други скандали кои јавноста ги видела од Курто Дудуш, Зоран Заев, ниту еднаш не излегол со осуда, а уште помалку побарал од него да си поднесе оставка.

Толерираното беззаконие веќе станува начин на функционирање. А главниот стимул на тоа е токму премиерот.

Господине Заев немате друг избор освен да повикате вашиот пулен веднаш да си даде оставка.

Итна оставка без замајување на јавноста кога партијата СДСМ наводно ќе се огради а министерот Спасовски ќе купува време. Ако Дудуш остане на таа позиција, граѓаните на Шуто Оризари ќе продолжат да бидат жртви на неговото беззаконие и самоволие.

Оставка бидејќи се друго ќе биде директна заштита на криминалот, насилството и беззаконието и тоа лично од премиерот Зоран Заев.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...