Ниту СДСМ, ниту Зоран Заев не побараа оставка од нивниот градоначалник Дудуш, иако ова не е негов прв скандал

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Трагично е да се види и прочита соопштението на СДСМ во кое нема ниту збор осуда и барање за оставка  за нивниот градоначалник на Општина Шуто Оризари,  Курто Дудуш кој што е сериозно вмешан во скандал за бесправно лишување од слобода, измачување, тепање и навредување на граѓанин.

Ова само го потврдува фактот дека Зоран Заев и СДСМ се главни поттикнувачи и одобрувачи на насилството, самоволието  и беззаконието кое што го спроведуваат нивните пулени и функционери.

Два дена поминаа, а ниту СДСМ, ниту Зоран Заев не побараа оставка од нивниот градоначалник Дудуш, иако ова не е негов прв скандал.

Криминалот и насилството врз граѓани и шерифлукот кој СДСМ го манифестира не се европски вредности и заради сето ова Македонија е се подалеку од  Европската Унија и нејзините принципи на владеење на правото.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести