Власта која ги ограбува граѓаните со зголемени давачки, местени тендери, рекет и ширење на сопствените бизниси бесрамно ја манипулира јавноста

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Власта која секојдневно ги ограбува граѓаните со зголемени давачки, местени тендери, рекет  и ширење на сопствените бизниси бесрамно продолжува да ја манипулира јавноста.

Доколку СДСМ ги враќаше парите кај граѓаните немаше да им ги покачи даноците, акцизите, патарините и ред други давачки со кои само ја зголемува сиромаштијата. Како резултат на нивното расипничко работење над 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштијата и едвај преживуваат до крај на месецот.

Владата  на аболицираниот Заев за две години потроши над 9 милијарди евра буџет, а со нив ништо не е подобрено.  Економијата ни е најниска во Европа, а долгот вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра односно 50% од БДП.

Откако се на власт единствено што расте во државата се корупцијата и бизнисите на Заеви.  Тие преку ноќ станаа најголеми земјоделски магнати преку производство на марихуана,  братот на премиерот стана најпосакуван бизнис партнер, камионите им возат за РЕК, а си ги имаат и „Герас Цунев“,   „Цареви кули“ и земјиштето од струмичката касарна кое го стекнаа преку матна зделка.

Со вакви криминални и матни зделки од страна на власта граѓаните се повеќе ќе тонат во сиромаштија, а Македонија нема да биде ни блиску до датум за почеток на преговори.. На Македонија потребни и се промени и обнова, кои ќе се случат кога аболицираниот Заев и неговата криминална влада ќе си заминат од власт.

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...