Владата на Зоран Заев не е способна да испорача реформи и  затоа Македонија не доби датум за преговори со ЕУ

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Владата на Зоран Заев не е способна да испорача реформи и  затоа Македонија не доби датум за преговори со ЕУ.

Заев две години ги лаже граѓаните дека само што не добил датум, го промени името на држава, ги продаде државните интереси и организираше прослави, а датум се уште нема. А нема затоа што премиерот е два аболициран криминалец чии соработници и семејство секојдневно добиваат местени тендери и ги шират бизнисите преку матни зделки.

Датум за преговори со ЕУ нема и затоа што откако е СДСМ на власт има убедливо најлоша економија во Европа со БДП од мизерни 2,05% и најниска реализација на капитални инвестиции во историјата од ниски 9,83% во првите 4 месеци.

Дека власта води лоша економска и даночна политика потврда дојде и од странските инвеститори во државава. Повеќе од 200 германски стопанственици во Македонија дадоа 0 оценка на власта во полето на економијата и порачаа дека зголемените даноци ги одвраќаат инвеститорите.

Македонија блеска само во очите на криминалната власт, а во реалноста 500.000 граѓани едвај врзуваат крај со крај, 70% граѓани земаат плата помала од просечната а дури 80% од младите сакаат што побрзо да ја напуштат државата и среќата да ја бараат во странство.

Единствениот успех на Заев откако премиер е тоа што бизнисите на неговото семејство неколкукратно се зголемија. Неговиот брат одеднаш стана најпосакуван бизнис партнер, камионите му возат за РЕК, драстично му пораснаа плантажите со марихуана на сметка на обичниот земјоделец,  криминално си доделува земјиште и ред други криминали со кои ја ограбува државата.

Неспособност, криминал, непотизам и корупција се единствените работи за кои ја бива оваа власт која ја предводи аболицираниот Зоран Заев.

Македонија со оваа власт не може да има напредок и просперитет, затоа потребно е СДСМ и Заев веднаш да си заминат, за да може земјата и граѓаните да одат напред.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...