Александар Николоски во интервју за Алсат ТВ одговара на актуелни политички прашања

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски беше гостин на Алсат телевизија. Тој во телевизиското интервју одговараше на прашања поврзани со актуелни теми во земјава.

Новинар: Господине Николоски, во понеделник истекува мандатот на СЈО, моментално се блокирани преговорите со власта опозиција. Министерката, власта ве обвинува дека опозицијата  има нови барања како кочничар на преговорите

Николоски: Ако власта сака да постигне консензус природно е да прифати дел и од позициите на опозицијата, односно на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително што ние влегуваме со крајно принципиелни позиции, а тоа е почитување на Уставот и на Законот. Она околу коешто сега има главно недоразбирање или условно кажано сопнување е тоа што власта бара да се најде начин да се легализираат нелегалните активности на СЈО. И тоа има еден голем парадокс, заради тоа што институцијата којашто требаше да се бори против нелегални активности, самата влегла во нелегални активности и сега власта се обидува со закон тоа да го промени, што поставува прашање за правната сигурност и поставува прашање и кај други личности коишто имале нелегални активности во минатото, зашто и тие да не побараат со Закон да тие нелегални активности им се легализираат. Така што, тука е сега каменот на сопнување, не можеме да дозволиме да пробиениот рок којшто го има СЈО, а тоа е 18 месеци од примањето на материјалите и незаконските дејствија коишто ги презеле после овој рок да бидат легализирани. Со тоа не можеме да се согласиме. Тоа не значи како што вели власта амнестија на криминалот, затоа што доколку некој сторил било какво кривично дело, има обвинителство што може да го гони, прво, и второ единствен случај, и тука е политичката мотивација на СДСМ, единствен случај којшто е отворен после рокот е случајот за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ каде што целта е да се забрани таа политичка партија, нашава политичка партија, со судска одлука. Значи практично сега битката се води околу тоа дали нелегалните активности за затварање на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги легализираме или не. Се разбира дека нема да дозволиме таква работа. За се друго ние немаме недоразбирање.

Од новинарот Николоски беше запрашан и за СЈО, еве што одговори:

Ако власта сака да постигне консензус природно е да прифати дел и од позициите на опозицијата, односно од ВМРО- ДПМНЕ. Ние влегуваме со крајно принципиелни позиции, а тоа почитување на Уставот и законот.

Она околу кое што сега има главно недоразбирање е тоа што власта бара да се најде начин да се легализираат нелегалните активности на СЈО. Тоа има еден голем парадокс заради тоа што институцијата која што требаше да се бори против нелегални активности самата влегува во нелегални активности и сега власта се обидува со закон тоа да го промени што поставува прашање за правната сигурност и поставува прашање и кај други личности кои имале нелегални активности во минатото зошто и тие да не побараат со закани да нивните нелегални активности се легализираат.

Не можеме да дозволиме пробиениот рок кој што го има СЈО, а тоа е 18 месеци од примањето на материјалите и незаконските дејствија  кои што ги презеле после овој рок да бидат легализирани.

Тоа не значи амнестија за криминалот, како што вели власта, затоа што доколку некој сторил било какво кривично дело има обвинителство што може да го гони, а второ единствен случај и тука е политичката мотивација на СДСМ, единствен случај кој што е отворен после рокот е случајот за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ каде што целта е да се забрани партијата со судска одлука.

Исто така Николоски беше запрашан и дали до септември ќе има некаков договор и дали ќе има приближување на ставовите:

-Па јас мислам дека, ако СДСМ се откаже од мастер планот за затварање на ВМРО-ДПМНЕ, кој што кај нив постои извесен временски период, јас прв пат го презентирав минатата година во септември месец, точно во вашата телевизија во едно соочување со госпоѓата Шеќеринска. Значи, ако СДСМ, се откаже од мастер планот за затварање на ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека и утре можиме да се договориме.

А во однос на држењето на зборот од  страна на власта, еве сакам да ја потсетам јавноста, дека Зоран Заев ветуваше дека кога тие ќе формираат Влада обвинителот ќе биде номиниран од опозицијата, потоа даде рок за тоа, рече после две години. Еве трета година им поминува од власта на крај  памет не им  е да го направат тоа, што значи дека немаат чесни намери во целиот овој процес.

Николоски беше запрашан за недобивањето на датумот за преговори со ЕУ, но и за најавите од Брисел и владата дека дека во октомври ќе добиеме датум, а во декември ќе ги започнеме преговорите:

Втора година со ред Европската Унија одбива да додели датум за почеток на преговори, што само кажува колку е неспособна оваа Влада. Минатата година ветија дека датум за почеток на преговори ќе се определи во јуни 2018 година. Во јуни не се определи датум, па рекоа дека ќе преговорите ќе почнат во јуни 2019 година. Еве го јуни 2019 дојде, преговорите не почнаа. Не само што не почнаа, него и дадум не се определи. Сега велат тоа ќе е во октомври. Да би бил на нивно место, би седнал и малце повеќе би работел, а малку помалку би давал лажни ветувања. Ние тука знаете дека

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори, Николоски рече:

Утре сме спремни за избори, тоа е најмал проблем. Проблемот е што Заев станува веќе несериозен за коментирање и создавање било каква стратегија во однос на неговите изјави затоа што пречесто ги менува.

Тој рече дека ако нема датум во јуни ќе се оди на избори, еве нема датум а гледате дека веќе не зборува за избори.

Така што несериозно е да се коментира Заев, а ние сме спремни утре да има избори затоа што знаеме дека ќе победиме на изборите.

Исто така Николоски беше запрашан и за изборниот законик и иницијативата за отворените листи:

-Првично за изборите е изборите да бидат фер и демократски и регуларни, а второстепено е кој е изборниот модел, затоа што ако не правите фер и демократски избори, не е важно каков е изборниот модел. Можеме да имаме различни размислувања, гледам дека една аргументација којашто доаѓа е дека пратениците немаат доволно своја индивидуалност и дека се премногу притиснати од политичките партии. Има и други мали политички партии коишто се популарни во одредени средини но не се на ниво на држава и сметаат дека не се претставени. Има еден модел којшто може да ги затвори сите овие проблеми, еве го нафрлам, па може да го разговараме. Тоа е модел којшто е применет во Велика Британија, во Соединетите Американски Држави, таканаречен first pass system, односно изборен модел на избор на оној којшто прв поминува во првиот круг, односно тоа би биле мнозински избори со 120 изборни единици, колку што има пратеници во Собранието, каде што би бил избран за пратеник оној којшто најмногу освојува гласови во еден круг. Нема втор круг, затоа што најчесто манипулациите и комбинаториките се прават помеѓу двата круга. На тој начин пратениците ќе бидат директно избрани од граѓаните, ќе имаат огромен легитимитет, затоа што ќе бидат избрани на директни и непосредни избори, а не на пропорционален модел кадешто ги кандидира партијата и ќе можат директно да одговараат на своите гласачи. Ова е еден модел којшто ние планираме да го предложиме, ако има разбирање и кај другите политички партии, одлично. Ако нема, тоа е тоа. На крај мора изборниот модел со консензус да биде изгласан, рече Николоски.

Поврзани вести