Општина Штип нема слух за обезбедување чиста вода за пиење и жителите се оставени самостојно да наоѓаат импровизирани и опасни решенија

Интегрален текст од прес конференција на Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ при Совет на Општина Штип

Почитувани

Жителите на населбата Каваклија, во 21 век со години наназад се соочуваат со неможност за задоволување на основните потреби за живот. Заради проблемот со немање на чиста вода за пиење, тие се изложени на заразни болести и отежнат начин на живот.

Затоа, пред точно 6 месеци, како претставници на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, разговаравме со овие луѓе и поднесовме иницијатива до Советот на Општина Штип за решавање на проблемот со водата за пиење. Овие луѓе добија ветување од локалната власт дека ќе се преземат сите неопходни активности во насока на решавање на овој проблем.

Но, до денешен ден, локалната самоуправа нема слух за обезбедување чиста вода за пиење и жителите се оставени самостојно да наоѓаат импровизирани и опасни решенија.

Затоа, како советничка група бараме одговор од надлежните институции до каде се со решавање на проблемот со водата за пиење во населба Каваклија и потсетуваме итно да се превземат конкретни мерки за наоѓање начин за подобрување на животот на овие луѓе.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...