Ѓорчев во Лондон: ВМРО-ДПМНЕ силно соработува со Конзервативната партија, ИДУ и Вестминстер фондацијата

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и секретар за меѓународна соработка Владимир Ѓорчев во периодот 20 – 22 јуни во Лондон присуствуваат на конференција на ИДУ (Меѓународната демократска унија) и Конзервативната партија на Велика Британија во соработка со Вестминстер фондацијата.

Конференцијата во Лондон ја отворија генералниот секретар на ИДУ Кристијан Катнер и Карлота Реди, директор за меѓународни односи на Конзерваривната партија на Велика Британија.

На конференцијата присуствуваат голем број на пратеници и секретари за меѓународна соработка на конзервативните партии од светот кои припаѓаат на десниот центар.

ВМРО- ДПМНЕ долги години соработува со Вестминстерската фондација за демократија и Конзервативната партија на Велика Британија, а двете партии се членки на ИДУ, најголемата светска организација на партии на десниот центар.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести