Во гостувањето на дебатната емисја на телевизија Клан Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека материјалното не го прави ниту среќен, ниту задоволен. Тој посочи дека поголемо богатство од тоа да е претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија нема.

-Па зарем има поголемо богатство од тоа да си претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. За мене нема, а материјалното мене ниту ме прави среќен, ниту задоволен. Јас волонтирам во ВМРО-ДПМНЕ, професор сум на Универзитетот и од таму земам месечни примања. Инаку во партијата волонтирам. И се возам со сопствено возило, немам ни партиско возило, вели Мицкоски.