Ќе ви дадам еден контра одговор кој што исто така денеска е актуелен на Балканот. Во Црна Гора имаме евидентен државен удар и највисоката казна која што ја доби црногорски државјанин е 4 или 5 години казна затвор. Кај нас имаме 18 годишна казна затвор за господинот Чавков и ако ги прегледате обвиненијата и ако ја видите пресудата која што е преку 1600тини страни ќе видите дека навистина станува збор за една катастрофална судска конструкција, дајте ми човек да му дадам обвинение или дајте ми човек да му дадам пресуда, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клан дебата“.

Мицкоски посочи насилство ниту подржува ниту пак оправдува, потенцирајќи дека затворските казни кои што ги добија луѓето за 27 ми април се драконски и дека се осудени само врз изјава на еден од учесниците кој директно учествувал, нагласувајќи дека вакво нешто не се случувало ниту во процесите во 49 тата година.