Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Клан дебата“ нагласи дека Специјалното јавно обвинителство не е реформа, туку служи како партиска алатка за притисок врз неистомислениците на владата на СДСМ.

-Ако констатираме дека во оваа држава се потребни суштински реформи, не ни е нас потребен Закон за јавно обвинителство кое што на СДСМ ќе му користи исклучително поради репресија врз неистомислениците во случајот опозицијата. Зошто тоа го зборувам? Зошто во законот ваков каков што е единствено важно за преговарачкиот тим на СДСМ и Рената Десковска е сите случаи после 30 јуни 2017тата година надвор од законот кој што ги водел неовластен тужител, а за тоа имате мислење од Врховниот суд кој што ги водел неовластен тужител да бидат интегрирани во законот и да се продолжат. Значи тоа е исто како сега јас и вие да почнеме да вршиме истрага да се прогласиме за тужители и да поднесеме кривична пријава кој што некој суд ќе ја прифати. Овие луѓе во функција на неовластени тужители поднесоа само едно обвинение и тоа е обвинението Талир 1 и Талир2, против правното лице ВМРО-ДПМНЕ и против поединци кои што тогаш биле дел од раководство на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не е реформа, ниту пак борба со криминалот поднесувањето на обвиненија од страна на СЈО врз ВМРО-ДПМНЕ, туку партиска алатка врз неистомислениците како и еден процес кој ја враќа Македонија назад. Јас сум загрижен дека ова не е реформа, второ не е борба против криминалот, трето е партиска алатка врз неистомислениците и четврто е ретрограден процес кој што ја враќа Македонија наназад, изјави тој.