Во денешната емисија „Клан дебата“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски кој нагласи дека владата на Зоран Заев се што вети не исполни, чист пример е и општината Тетово каде што ниту еден проект не се спроведе.

-СДСМ со програма „Живот“ во 2016-тата година излегоа на избори за жал нивна, а за доброто на граѓаните ги изгубија тие избори, но поради оној пост изборен инжинеринг се случи тоа што се случи ја формираа таа Влада. И ајде да видиме еве веќе трета година владеат во Република Македонија што направија? Еве кажете ми што направија во Тетово, запраша Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во Тетово ВМРО-ДПМНЕ немал градоначалник тука во Тетово туку ДУИ кој е сега во Владата.

-Тука се направи Ургентен Центар супер модерен во Тетовската болница во кој што беа вложени повеќе од 5 милиони евра. Се отпочна жичницата на Шапка горе. Но за трагедија веќе три години тој проект тапка во место и не успеаја да го завршат. Новата зграда на Универзитетот во Тетово, јас лично како директор на АД Електрани на Македонија донесов одлука на Управен одбор да се доделат стипендии на студентите од државен универзитет во Тетово. И можам да кажам дека новата зграда на државниот универзитет во Тетово е навистина едно фантастично и модерно, современо европско издание кое што може да конкурира на најреномираните европски универзитети. Да ве потсетам на низа други проекти кои што се направени овде, спортските сали, еве кажете ми која спортска сала е направена сега? Кое училиште е реновирано? Брутално лажеа, и за тоа што не го испорачаа влијание имаат претходните, запраша Мицкоски. Мицкоски при посочениот пример со Тетово како пример го посочи и Струмица каде што исто така ништо Владата на СДСМ не направи за да се подобри животот на граѓаните како што ветуваа, рече Мицкоски.