Национал-романтичарските тези треба да се остават на Зоран заев, она што треба е да се решаваат проблемите на граѓаните, ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го истакна вечерва во дебатната емисија на телевизија „Клан“.

-Тие има програма За живот. Што направија тие од тоа што го ветуваат? Да ве потсетам што направи ВМРО-ДПМНЕ. Се направи модерен Ургентен центар, се направи жичницата на Шапка. Новата зграда на Универзитетот во Тетово. ВМРО-ДПМНЕ имаше реални проекти кои ги реализираше, рече Мицкоски. Тој посети на на настаните на Бит Пазар, во Тетово и рече дека тогаш не беше на власт на ВМРО-ДПМНЕ. -Да не зборуваме за тоа. Jас само барам владеење на право и правда, посочи Мицкоски.