Граѓаните ниту со потрошени 25.000 евра во годината не можат да го добијат повратот на ДДВ кој го ветува СДСМ

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Животот кој што го ветуваше СДСМ дојде само за Зоран Заев и криминалната банда околу него. Откако тие ја преземаа власта над 500.000 граѓани во државата живеат под прагот на сиромаштија.

Мерката поврат на 15 отсто ДДВ  којшто го најавуваше СДСМ  е уште само една од нивните лаги со коишто се служат секојдневно. Граѓаните нема да добијат по 30 000 денари поврат на ДДВ на крај на годината.

За да се добие толкав поврат како што ветува СДСМ граѓаните ќе  треба да исплатат ДДВ над 200 000 денари на  годишно ниво, односно да купат стоки во вредност од околу 25 000 евра од кои  добар дел  се со повластена стапка на ДДВ од 5% како што е храната и средствата за хигиена .Ова значи дека семејство со две плати од по 1000 евра не може да си дозволи толкав трошок.

Ако се земе фактот дека 70% од граѓаните земаат плата помала од просечната тоа значи дека оваа мерка на власта нема да значи ништо за граѓаните во Република Македонија.

Овој потег на СДСМ дополнително ќе го загрози полнењето на буџетот и потоа ќе има контра ефект врз исплатата на платите и придонесите на администрацијата и пензионерите.

Граѓаните со СДСМ имаат се поголеми трошоци. Доколку СДСМ водеше грижа за граѓаните немаше да ја покачи акцизата на горивото, даноците, патарините, немаше да ги ограбува дополнително со наместени тендери, грантови и вработување на лица блиски до власта.

Време е оваа влада да си замине во историја. Доаѓа време на нова Влада со реални проекти за граѓаните на Република Македонија и економски прогрес која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...