Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со претседавачот на ОБСЕ, Мирослав Лајчак

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на  ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денес (19.06.2019-та година) оствари работен појадок со Министерот за надворешни и европски работи на Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Мирослав Лајчак.

На средбата се разговараше за интеграциските процеси на земјава, внатрешната политичка состојба и приоритетите државава.

Мицкоски истакна дека недобивањето на датум за преговори е неуспех на владата да направи клучни реформи, подобрувања на состојбите и да го унапреди стандардот на граѓаните. Тој посочи дека сепак граѓаните не треба да бидат казнети поради неспособната Влада на Заев и дека Република Македонија треба да добие датум за преговори до крајот на годината како би се воспоставил уште еден контролен механизам врз криминализираната власт и би се дала надеж наспроти евроскептицизмот кој се подгрева од одредени структури на власта.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го реафирмира ставот на партијата да помогне во реформските процеси кои треба да ги реализира Владата потребни за добивање на датум за преговори.

Воедно Мицкоски се осврна и на другите аспекти од општеството посочувајќи дека Владата не покажува интерес за сузбивање на растечката корупција и остварува катастрофално лоши економски резултати што го прават животот на граѓаните уште потежок.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...