Николоски: Која е гаранцијата дека во октомври ќе се донесе одлука за почеток на преговори и дека истите ќе почнат до крајот на годината како што ветуваше СДСМ?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во Луксембург се потврди на што сите го знаеме до душа некои порано а некои подоцна а тоа е дека Македонија со Заев, Димитров, Османи и Шеќеринска за жал и овој јуни не доби датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија.

Како тргнале и ако вака продолжат да работат, односно да не работат и да блескаат како што самите велат и следен јуни ќе дојде, а датум за почеток на преговори нема да има.

Значи внимавајте, зборувам за датум за почеток на преговори а не за членство во Европската Унија. Па колку ли не ги бива што Европската Унија не сака да даде зелено светло ни за почеток на преговори?  Која е таа неспособност? Навистина е поразителното сето ова.

Дојдоа на власт со големи очекувања и ветувања дека преговорите ќе почнат во јуни 2018 година. После дебаклот кој што им се случи лани со нереализацијата на Планот кој што самите го создадоа 3 6 9, да потсетам реализираа само 42 проценти од истиот, минатата година кажаа дека датум за преговори има и тоа е јуни 2019 година.

Еве го јуни дојде и видовме дека датум за преговори немало.

Сега велат: готово е за октомври. Па јавно прашуваме каква е гаранцијата за октомври? Затоа што заклучоците на Советот пишува дека не подоцна од октомври ќе се донесе одлука, но не пишува каква.

Која е гаранцијата дека во октомври ќе се донесе одлука за почеток на преговори и дека истите ќе почнат до крајот на годината како што ветуваат од Владата. Таква нема затоа што сите знаат дека и Заев и владата се неспособни да испорачаат реформи.

Прашањето е едноставно, како да сакаат било која голема европска држава да ве види во исто друштво со нив кога гледа дека корупцијата цвета, економијата оди надолу, а начинот на кој се обидувате да се одржите на власт е крајно недемократски, со политички притисоци и желба за затворање на политичкиот противник.

Начинот на кој што сакате да се одржите на власт е со тоа, ние сме добри, сите останати се криви, па изминатите недели имавме тирада напади кон Канцеларката Меркел, а еве денес гледаме од официјални советници  на премиерот Заев напади и кон Европскиот Совет.

Како сакате да ве видат во исто друштво со уништено здравство во кое што однапред се знае кој и како ќе ги добива тендерите.

Како сакате да ве видат во исто друштво кога дрога има по улиците како никогаш порано?

Како да ве видат во исто друштво кога економијата се сведува на онаа народната, јас, брат ми и по некој друг братучед и уште многу како?

Од оваа перспектива можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ се постави крајно конструктивно и патриотски по однос на ова прашање. За се што бевме консултирани дадовме придонес, во јавноста секогаш ги изнесувавме информациите до кои што доаѓавме, а тоа е дека ако нема реформи и оваа година нема да има датум, за жал како што се случи. Лобиравме таму каде што можевме, за разлика од СДСМ кога беше опозиција буквално секој петок праќаше циркуларни мејлови до сите до кои што можат да стигнат, критикувајќи ја и кодошејќи ја државата.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ сакаме Македонија да оди напред, тоа е добро за сите граѓани и затоа сесрдно, наместо да ја кориме ситуацијата за дневно  политички поени јавно понудивме да се формираат работни групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Владата кои што ќе работат на реформите кои што Европската Унија ги бара.

За жал, до овој момент на понудата која што пред две недели ја изнесе Претседателот на партијата, се уште немаме одговор, таков одговор нема.

Претпоставувам нема, затоа што ги јаде ароганцијата и самобендисаноста, затоа што не знаат  и не сакаат а од други помош не примаат. Па еве јавно се прашуваме дали можеби на СДСМ и Заев им одговора да нема датум за почеток на преговори?

Дали можеби  не сакаат да бидат контролирани од Европската Унија? Затоа што кога ќе почнат преговорите, тендерите ќе не можат така лесно да се местата и бизнисот да цвета.

Не смее да се губи повеќе време. Веднаш мора да се направи план за реформи и работа, за големи проблеми. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да помогне со сиот свој експертски потенцијал и бројните контакти кои што ги имаме.

Сакаме да помогнеме за да биде добро за Македонија. Но, да бидам искрен не верувам дека Заев, Шеќеринска, Османи, Димитров и останатите тоа знаат и можат да го направат.

Немаат ни волја, ни знаење и затоа во овој момент оставките се најмалку што можат да направат.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...