Наместо датум за почеток на преговори, советот на министри на ЕУ испорача ладен туш за корумпираната влада на Зоран Заев

Соопштение до јавноста

Наместо датум за почеток на преговори, советот на министри на ЕУ испорача ладен туш за корумпираната влада на Зоран Заев. Не е доволно само да се распродадат националните интереси и да се промени името кога земјата ја водат криминалци кои се неспособни да спроведат реформи. На ЕУ не и требаат преговори со аболицирани политичари кои се живи фатени како бараат мито од едно евро по метар квадратен.

Повеќе земји членки, докажани пријатели на Македонија, биле против доделување на датум. Може да се разбере нивниот револт кон катастрофата наречена Заев, но не може да се оправда казнувањето на државата и народот заради неспособноста и корумпираноста на Заев и картелот околу него.

Од бриселските ладни тушеви настинува народот, а Заев мува не го лази. Заеви си имаат и ниви со марихуана и бизниси со РЕК, си го имаат и „Герас Цунев“ и „Цареви кули“, си имаат имот и си градат на земјиштето од струмичката касарна, а си копа каде стигне и кога ќе стигне.

Заев знае многу одамна дека Македонија со него не добива датум, но повеќе му е од корист да лаже и манипулира.

Заев лаже затоа што за него пари се во прашање.

Македонија само стагнира и ниже неуспеси.

Со Заев на власт Македонија пропаѓа. Криминалот, корупцијата И непотизмот станаа главна одлика за власта. Потребна е обнова. Заев И СДСМ мора да си заминат.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...