Откако СДСМ е на власт економијата секој ден се повеќе тоне

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Костадин Костадинов

Економијата во Македонија секој ден тоне се повеќе. Економијата откако СДСМ е на  власт не блеска.

Лагите на Зоран Заев не го полнат буџетот на  државата.

Со лагите на Зоран Заев не може да се сокрие фактот дека во Македонија има над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на егзистенцијата.

Со лагите на Заев буџетот на државата не се полни. Само во последните 5 месеци направија дупка од 3 милијарди денари од несобрани даноци.

Задолжувањето секој ден се повеќе расте, a реализацијата на капиталните инвестиции за првите четири месеци од оваа година е под 10 проценти.

На ова економско цунами мора да му се стави крај. Времето на ова влада забрзано истекува, доаѓа времето на реални проекти, економски прогрес и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...