МНР со Димитров е постојан извор на скандали

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата на Наум Стоилковски

Никола Димитров министерството го претвори во приватен сектор.

Единствена вистина е дека во МНР владее хаос и самоволие. МНР со Димитров е постојан извор на скандали, кои се или директно поврзани со Никола Димитров.

Димитров мора да одговори како е можно шефот на Кабинетот на Радмила Шекеринска, Катерина Ставреска, да биде вратена во МНР само на еден месец во јануари, само за да добие дипломатска титула Амбасадор? Дали  за еден месец е унапредена во Амбасадор од позиција помлад соработник во државен советник за протокол?

За жал додека дипломатијата пропаѓа, под прашање се доведува подмирувањето на режиските трошоци на ДКП-ата на Република Македонија по светот, Димитров мора да одговори дали на платен список на МНР се и советниците на Зоран Заев, Дане Талески и Бојан Маричиќ, иако не се појавиле на работа во МНР ниту еден ден во министерството?

На Македонската дипломатија и е потребна обнова која треба да се случи со смена на оваа власта.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...