Заев е свесен дека доаѓа крајот на неговото владеење

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Единствениот политичар во Европа аболициран за тешки криминали, Зоран Заев е свесен дека доаѓа крајот на неговото владеење.

Граѓаните веќе не може да ги слушаат неговите лаги. Аболицираниот Заев ниту го одбрани уставот, ниту ја заштити “жицата македонска”, а се колнеше во децата и внуците. Аболицираниот Заев веќе нема кредибилитет, а неговите ветувања тежат колку зборот на обичен измамник. Аболицираниот Заев уште минатата година го прослави добивањето на датум, а сега ги обвинува меѓународните партнери и пониските партиски структури дека се виновни за неговиот неуспех.

Граѓаните  се чувствуваат изневерени  од оваа власт поради сите неправди и сиромаштијата кои им беа нанесени од страна на СДСМ.

Младите секојдневно ја напуштаат  државата и заминуваат во странство  бидејќи оваа влада не прави ништо добро за нив.

Затоа потребно е да си замине СДСМ од власт.

Метлата треба  да почне од Заев  па надоле. Метлата ќе ја добијат на парламентарните избори, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од граѓаните и ќе ја формира новата влада. Влада која ќе претставува обнова за Македонија и ќе гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...