Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски при своето гостување на вести на Канал 5 истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ е најважно што бараат и очекуваат граѓаните и дека е време да има избори каде што Зоран Заев ќе биде поразен и ќе се стави крај на оваа ненародна влада.

-Најважно за ВМРО-ДПМНЕ е што очекуваат граѓаните. Граѓаните бараат нова Влада, бараат што побрзо да си замине оваа власт бидејќи се она што го ветија не го исполнија. Најдобро е за сите граѓани она што претходно беше ветувано, а што не е исполнето на следните избори да ги казнат оние што се на власт, оние што постојано уште велат ЌЕ направат нешто, а веќе помина втората година и навлегува во третата година од нивниот мандат, посочи Мисајловски.

Мисајловски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди прекрасна програма бидејќи набрзо следат и нови избори каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.

СДСМ си игра играчки со оваа важна операција. Пописот е навистина важна операција бидејќи сите очекуваме процесот да заврши европски, бидејќи така доликува на една земја. Македонија се стреми да влезе во ЕУ и сака да ги има сите европски вредности, а не да правиме брзоплет и брз попис каде што навистина ќе се каеме. Ние ја бараме вистинската слика од Република Македонија да се потенцира да видиме колку сме, да ја видиме и работната снага, како секоја европска земја што има како Италија, Германија, појасни Мисајловски.

Мисајловски на самиот крај од изјавата рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи само европски попис, а не ваков брзоплет.