Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во гостувањето на вестите на македонската телевизија рече дека во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ се обидува пред целата македонска јавност да го потенцира односот кој Зоран Заев го има во оваа држава. Имено станува збор за човек за којшто се даде една многу добра дефиницира, лаже, негира и заборава.

-Колку и за сите нас граѓани и да сакаме да се придружиме кон ЕУ , ние цело време кажувавме дека со менувањето на името, идентитетот со заборавање на се што е македонско не можеме анблог да влеземе, да ги отвориме преговорите и нон стоп потенциравме дека единствено што е битно тоа е исполнување на европските вредности и принципи, а сето тоа може да се направи со реформи и со многу работа, потенцираше генералниот секретар Јанушев.

Тој посочи дека евидентно е дека во Република Македонија стагнира, дека нема реформи благодарение на оваа најнеспосбна влада во историјата на државата.

-Има само разочарување. Оваа влада апсолутно ништо не прави. За нас како граѓани е битно дека се потребни реформи од оние коишто знаат како да ги направат и што конечно ќе почнат да ги прават, додаде Јанушев во своето гостување.