СДСМ не може да го оспори фактот дека македонската економија пропаѓа

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски

СДСМ не може да го оспори фактот дека македонската економија пропаѓа.

СДСМ и Зоран Заев не може да сокријат од јавноста дека за рок од 5 месеци има буџетска дупка од 3 милијарди денари.

СДСМ и Зоран Заев треба да одговорат на јавноста на што се должи толкаво потфрлање, дупка во полнењето на буџетот на име на собрани даноци во висина од 50 милиони евра.

Оваа дупка во буџетот преставува вовед во нов економски иден шок, нови потреси во државата, нови отежнувања на животот на граѓаните кои тонат во сиромаштија.

Потфрлањето на Владата и на УЈП, 50 милиони евра разлика од планираното и реализираното даночење е показател дека економијата не цвета, а Македонија не блеска, платите не растат, економската активност е намалена и дека нема нови вистински инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека кога ќе се врати на власт, ќе го врати рамниот данок и веднаш ќе се намали акцизата на горивата, како приоритетни економски зафати за стабилизирање на македонска економија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...