Аболицираниот Заев треба да разбере дека пописот не треба да го користи за политички цели

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Аболицираниот Заев треба да разбере дека пописот не треба да го користи за политички цели.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда треба да разберат дека пописот е статистичка операција, со пописот не треба да се манипулира со бројката на жители во државата. Задкулисните игри и договори се недозволиви кога станува збор за националните и државните интереси. Недозволиво е да се пазари со една ваква клучна операција како пописот од која зависат идните политики на државата.

Ако Зоран Заев не сака да ја доживее судбината на неуспешниот референдум за промена на името треба веднаш да се откаже од ваквата монструозна идеја околу пописот.

Време е аболицираниот Заев и неговата банда да сфатат дека сите функции се минливи. Процесот со попис мора да запре, а препораките на Еуростат и европските стандарди мора да се применат и на пописот во Македонија.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести