На тема нов специјален обвинител и предупредувањата од Рикер и дел од комисијата на Американскиот сенат за протоколот на НАТО, дека ќе бараат нов специјален обвинител ако не се продолжи мандатот на стариот, на 1ТВ во “Отворено студио” пратеникот Ѓорчев рече дека предлогот треба да биде од редовите на опозицијата, за што и самиот Заев се залагал кога не бил премиер. “Предлогот треба да дојде од редовите на опозицијата.

И самиот Зоран Заев кога беше во кампањата во 2016 година, кажа дека специјалниот обвинител треба да биде од редовите на опозицијата. Оној момент кога стана премиер, кога Македонија се повеќе станува заробена држава, во која одредени луѓе се возат во Мајбах и во Бентли, го заборави ветувањето. И немојте да заборавате дека ние имаме обвинител и дека и тој е по предлог на Зоран Заев, рече Ѓорчев.