Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за емисијата Отворено на Алфа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со сиот свој потенцијал се нуди да работи со Владата на СДСМ се со цел надминување на сите пречки кои што стојат на патот за Република Македонија барем во октомври да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Според Мицкоски интересот на граѓаните е пред се и над се, додавајќи дека за влез во Европската Унија е потребно работа и успешно спроведени реформи од страна на владата. Оставете ги тие ПР алатки. Ајде да работиме.

Потребно е да се работи,. Овој потенцијал кој што го има Зоран Заев видовме до каде не донесе. Повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да може да сработиме за иднината на државата, вели Мицкоски.