Ѓорчев: Владата потроши 10 милијарди евра, а ништо нема направено и како резултат на тоа Македонија се празни

Оваа влада има потрошено 10 милијарди евра, а нема направено буквално ништо а како последица на тоа Македонија се празни како никогаш досега, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на денешната собраниска седница.

Ѓорчев истакна дека оваа влада во полето на инвестициите оваа влада има имагинарни инвестиции кои никој не ги видел, додека пак во реалноста ништо нема реализирано, ниту во делот на гринфилд инвестиции, ниту кај капиталните инвестиции.

– Две години во полето на инвестициите во Македонија буквално ништо не се случува, ништо не се случува во делот на гринфилд инвестициите, ништо не се случува во делот на капиталните инвестиции. Едно време Македонија беше земја во која што секој месец се отвораа фабрики, денес во Македонија абер немаме да имаме отворање на нови странски инвестиции, потенцираше Ѓорчев.

Тој воедно посочи дека оваа влада е најнеуспешната во делот на капиталните инвестиции затоа што 2018 ја завршија со 65% кои ако не беше ребалансот ќе беа 48% додека во првиот квартал на 2019 има само 6% што е катастрофа и фијаско на целата влада, додека во делот на гринфилд инвестиции власта наместо да им помага ги брка инвеститорите, со тоа што им ги покачи даноците и давачките.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...