Аболицираниот Заев и неговата криминална банда по кој знае кој пат партиските ги ставаат пред државните и националните интереси

Соопштение до јавноста

Зоран Заев продолжува со распродажбата на државните и националните интереси со единствена цел остварување на своите лични аспирации за власт, пари и моќ. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда по кој знае кој пат партиските ги ставаат пред државните и националните интереси.

Полека но сигурно Македонија станува непрепознатлива држава за граѓаните кои целиот свој живот го поминале во неа, но Заев не запира тука. Дали Република Македонија и натаму ќе се редефинира, дали ќе се исцртуваат нови граници?

Зоран Заев е должен да им каже на граѓаните дали пред вториот круг од претседателските избори тој се сретнал со Али Ахмети и за што се разговарало на оваа тајна средба. Тој мора да запре со политиката на пазарење на сметка на државните и националните интереси со единствена цел зачувување на својата фотелја на Илинденска б.б.

Функциите се минливи, а Република Македонија е се што имаме,  Зоран Заев мора да го разбере ова. Премиерската фотелја не е поважна од интересите на македонските граѓани. Од интерес на граѓаните е да се спроведе Европски попис, а не попис каков што Заев договорил на тркалезна маса, попис на матични броев. Пописот е статистичка, а не политичка операција, операција од суштинско значење за тековите во една држава.

Заев мора час поскоро да си замине од политиката, овој човек мора веднаш да поднесе оставка за да се стави крај на понижувањата и разочарувањата кои тој им ги сервира на македонските граѓани. Македонија мора да се врати на вистинскиот пат, на патот на реформи и економски просперитет. Стотици наши граѓаните си заминуваат секој месец, на ова мора да се стави крај.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...