Владата на СДСМ е виновна за иселувањето на младите од Република Македонија

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на изјавата на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Владата на СДСМ е виновна за иселувањето на младите од Република Македонија.

Заев и Димитров се главни виновници за трајното иселување на двајца врвни млади експерти, кои со извонредниот просек и образование завршено во странство не се доволно квалификувани во однос на синовите, ќерките, внуките и љубовниците на партиските полтрони.

Секој ден има безброј примери со високообразовани млади луѓе кои ја напуштаат државата поради непотизмот и партизацијата. Последните два примери се само капка во океанот на разочарани млади.

Факт е дека Македонија под власт на СДСМ има место само за децата на функционерите.

Наместо враќање на иселените, владата на СДСМ го зголеми иселувањето. Заев, Димитров и целата влада треба да си заминат.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...