Заев и Анѓушев ги лажеа работниците и не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“, но затоа направија за нивните фирми

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и Кочо Анѓушев ја туркаат економијата кон дно.

Трета година по ред ништо од ветувањата дека ќе се рестартираат „Југохром“ и „ОХИС“.

Стотици работници од овие некогашни гиганти три години се лажени од власта.

Заев и Анѓушев пред изборите во 2016 година ветуваа заживување на економијата и решавање на сите проблеми како во случајот со „ОХИС“.

Три години по изборите од 2016, решение не е ниту на повидок. Поранешните работници на овие фабрики живеат мачно, а егзистенцијата на нивните семејства е доведена под знак прашалник.

Заев и Анѓушев не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“, но затоа направија за нивните фирми.

Заеви влегоа во бизнисот со марихуана, го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, а Анѓушев зема тендери.

Додека функционерите на власта се богатат, граѓаните се чудат како да врзат крај со крај.

Заев, Анѓушев и целата влада мора да си заминат.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...