Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Топ тема на телевизија Телма истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ е важно интегрирањето на државата во Европската Унија додавајќи дека граѓаните не треба да бидат казнети поради тоа што СДСМ и Заев не се способно и не знаат како да направат реформи.

За нас е важно и покрај сите неуспеси на оваа влада, покрај сите недостатоци кои што се резултат на нивното функционирање изминатите две години да не бидат казнети граѓаните, да Република Македонија добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека самиот тој до органите на партијата ќе поднесе иницијатива за да ВМРО-ДПМНЕ работи со владата се со цел да се надминат нивните недостатоци на владата и Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија барем до октомври. Јас планирам на некои седници од Извршниот и Централниот комитет на партијата да побарам поддршка во насока на тоа да ВМРО-ДПМНЕ излезе со иницијатива заедно со Владата да работи во периодот кој што следува во насока на тоа надминување на сите пречки се со цел барем во октомври да добие датум за почеток на преговорите, изјави Мицкоски.