Мицкоски: Да одговори Заев дали постои средба и договор со ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници

Претседателот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија посочи дека Зоран Заев треба да им одговори на граѓаните дали постоела средба и договор со ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници.

– Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека можеби и ова изборно редефинирање на тие граници кое деновиве го актуализираше Стево Пендаровски е дел од тој договор или новиот изборен модел ќе му кумува на тој процес со исцртување на нови граници или пак можеби се е шпекулација, но треба да за излезат и да одговорат.

Навистина жалам ако господинот Стево Пендаровски не бил информиран за таа средба бидејќи гледам дека влета во една партиско политичка теорија која што ја отпочна од пред некој ден или втора теза е дека го дивергираа вниманието од оној фијаско неуспех кој што им следи за неколку дена од сега, а тоа е недобивањето на датум за отпочнување на преговори, истакна Мицкоски.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...