Надлежните институции да отворат истрага и да проверат дали Наумоски како градоначалник влијаел на иницијативата за изработка на нов урбанистички план се со цел лично богатење

Интегрален текст од изјава за медиуми на Бојан Стојаноски

Почитувани,

Во иницијативата за изработка на нов Детален Урбанистички План во реонот на единствениот парк во општина Ѓорче Петров покрај висококатницата која ќе никне, градоначалникот Александар Наумоски предвидел и деловни објекти од кои еден таков објект ќе се најде на имот во негова сопственост.

Го повикуваме Наумоски да одговори дали свесно за да прибави лична корист, ја усвои ова иницијатива за овој план со цел на неговиот имот да може да подигне деловен објект и од истиот да оствари лична материјална корист?

Ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага и да проверат дали Наумоски како градоначалник влијаел на овој процес со цел лично богатење.

Повеќе од две години Александар Наумоски и локалната самоуправа предводена од СДСМ ја имаат киднапирано општината со цел стекнување на лична материјална корист, нема развојни урбанистички планови кои ги решаваат проблемите на граѓаните, нема проекти и мерки за подобрување на квалитетот на животот на Ѓорчепетровчани, ниту еден од ветените проекти не е реализиран, а сведоци сме на расипничкото трошење по кафеани, партиски вработувања, нови луксузни автомобили и покачување на сопствените плати.

Нашите сограѓани од Ѓорче Петров не заслужуваат ваква локална власт и затоа на наредните избори силно ќе го поразат Наумоски и СДСМ.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...